Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одбележа муслиманскиот празник Курбан Бајрам со остри критики кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го „тиранин“.
Зборувајќи со новинарите по молитвата во џамијата Чамлица, Ердоган рече дека верува оти „тиранинот познат како Нетанјаху“ ќе ја научи потребната лекција од муслиманите ширум светот.
Ердоган вчера телефонски разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за односите меѓу Турција и Иран, како и за регионалните и глобалните случувања.
Турскиот претседател нагласи дека Турција ќе продолжи да дава секаков вид поддршка, така што преговорите за прекин на огнот меѓу САД и Иран ќе дадат поволен резултат.
Додека се чека мировен договр меѓу САД и Иран, Израел ги продолжува воените операции во Либан и Палестина, а израелските власти тврдат дека го елиминирале новиот командант на Хамас кој беше поставен пред неколку дена/