Еми наградите донесоа изненадувања: „Пит“ и „Вдоу’с Беј“ славеа, а една ѕвезда испиша историја

Овогодишното доделување на Еми наградите во Лос Анџелес донесе големи телевизиски победници, емотивни говори, неочекувани појавувања и неколку моменти што ја кренаа публиката на нозе.
epa13240717 Noah Wyle winner of Outstanding Lead Actor in a Drama Series and Outstanding Drama Series for "The Pitt" poses in the press room with Sara Wells during 78th annual Emmy Awards ceremony held at the Peacock Theater in Los Angeles, California, USA, 14 September 2026. The Emmys celebrate excellence in national primetime television programming. EPA/JILL CONNELLY

Сериите „Пит“ и „Вдоу’с Беј“ беа меѓу најголемите победници на овогодишното доделување на Еми наградите, но церемонијата во Лос Анџелес понуди многу повеќе од самите награди. Вечерта ја одбележаа емотивни говори, почести за големите имиња кои починаа во изминатиот период, неочекувани средби и неколку необични моменти на сцената.

Првпат по 15 години жена водителка

Водителка на церемонијата беше Маришка Харгитеј, позната по улогата во долгогодишната серија „Закон и ред: Оддел за специјални жртви“. Со нејзиниот ангажман, по 15 години една жена повторно застана на чело на свеченоста.

Церемонијата започна со однапред снимена комична сцена во која Харгитеј се појави со НБА-ѕвездата Џејлен Брансон. Во скечот беше вклучена и Тејлор Свифт, иако таа физички не присуствуваше на доделувањето. Додека на екранот се шегуваа со нејзиното наводно доаѓање на церемонијата, Свифт во реалноста била во Канзас Сити, каде што следела натпревар од НФЛ.

Жан Смарт продолжува да реди рекорди

Меѓу највпечатливите победнички беше Жан Смарт. Актерката го освои својот петти последователен Еми за улогата во серијата „Хакс“. Со тоа стигна до вкупно осум Еми награди во кариерата, израмнувајќи се со некои од најголемите имиња во историјата на телевизијата. Но, еден од најемотивните моменти ѝ припадна на 79-годишната Сали Филд.

Со громогласен аплауз од публиката, Филд го прими својот четврти Еми за улогата во серијата на Нетфликс „Remarkably Bright Creatures“. Со наградата стана најстарата добитничка во својата категорија. Во својот говор таа им се заблагодари на колегите и екипата, а испрати и порака на поддршка до Канада.

Подоцна повторно се врати на сцената, овојпат за да ѝ оддаде почит на својата покојна колешка од филмот „Челични магнолии“, Доли Партон.

Вечер посветена и на оние кои починаа

Церемонијата имаше и силен емотивен момент посветен на актерите, музичарите и другите уметници кои починаа во изминатата година. Реба Мекентаер изведе песна во чест на Доли Партон, а публиката се потсети и на актерката Кетрин О’Хара и на други значајни имиња од светот на филмот и телевизијата. Носталгија предизвика и средбата на Сара Мишел Гелар и Дејвид Борјаназ, ѕвездите на култната серија „Бафy, убиецот на вампири“, кои се појавија по повод 30-годишнината од премиерата на серијата.

А вечерта имаше и една необична модна сцена: Мег Сталтер пристигна целосно маскирана како златната статуетка на Еми. Така, покрај победите на „Пит“ и „Вдоу’с Беј“, овогодишните Еми награди останаа запаметени и по емотивните посвети, телевизиските легенди и неочекуваните моменти кои ја направија церемонијата една од најразновидните во последните години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс