Експлозија го потресе Техеран: густ чад се крева над градот

Силна експлозија во Техеран и напади врз Обединетите Арапски Емирати дополнително ги зголемуваат тензиите на Блискиот Исток, додека ситуацијата околу Ормускиот теснец останува критична.


Силна експлозија одекна во Техеран, додека над делови од иранската престолнина се издига густ чад, јавуваат регионални медиуми. Инцидентот доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток, откако Обединети Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнува ирански ракети и дронови насочени кон нивна територија.

Според првичните информации, нападите врз Емиратите зафатиле повеќе локации, при што биле употребени балистички и крстосувачки ракети. Засега ниту една страна официјално не презеде одговорност, но од емиратското Министерство за надворешни работи порачаа дека државата го задржува „целосното и легитимно право“ на одговор.

Паралелно со овие случувања, опозициски медиуми од Иран известуваат за силна детонација во западниот дел на Техеран, проследена со големи облаци чад. Засега нема официјална потврда за причините или можните жртви.

Ескалацијата следува по неодамнешниот напад со дрон врз нафтен комплекс во Фуџаира, каде што беа повредени тројца индиски државјани. Иранските државни медиуми тврдат дека нападот не бил однапред планиран, туку е резултат на, како што наведуваат, „авантуризам на американската војска“ поврзан со ситуацијата во Ормуски теснец.

Ситуацијата останува неизвесна, а меѓународната заедница внимателно ги следи настаните поради ризик од поширока регионална ескалација.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни