Експертите предупредуваат: Некои уреди трошат струја и кога не работат, но се вклучени во струја

 Денешните уреди се сепопмаетни, но иако сме навикнати да ги користиме секој ден многумина од често прават грешки. Експертите предупредуваат на некои правила и совети со кои уредите може да траат подолго, но и да трошат помалку енергија.

Како што предупредува Наталиа Махим за Метро, некои уреди трошат електрична енергија кога се поврзани на струја, иако се изгасени и не прават ништо.

Електричната енергија и тогаш поминува по нив, зголемувајќи ја вашата сметка, но и трошејќи го производот. За да се спречи тоа, треба тие да се исклучат од штекерот, за да сопре протокот на енергија, додека за други експертите споделуваат совети за тоа како да се намали потрошувачката.

Фрижидер или замрзнувач: Бидејќи фрижидерот и замрзнувачот мора постојано да работат, не изненадува податокот дека околу 12 отсто од потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата ја прават токму тие. Тие не може едноставно да се ислучат, но може да се погрижите да работат во најефикасниот модул.

„Наједноставниот начин да се осигураме во ефикасноста е редовно да го чистиме и внатре и надвор. Бришењето прашина од надворешната страна помага таа да не влезе внатре и да не ја попречи работата на фрижидерот, а со чистењето на внатрешноста и фрлањето на храната на која ѝ е истечен рокот, значи дека моторот нема да може да го дава својот максимум за храната да биде ладна или замрзната“ вели Наталиа.

Телевизор: Студија од 2021 година покажа дека во дури 98 отсто од домаќинствата во Велика Британија телевизорот е постојано вклучен. Многумина погрешно претпоставуваат дека со гасењето на телевизорот со далечинскиот управувач целосно се исклучува, но тоа најчесто не е случај. Кога е поврзан на струја, телевизорот троши 1,3 киловат часови.

Бокал за вода: Иако не е најголем виновник за потрошувачката на енергија, Наталиа кажува дека бокалите за вода исто така ги згоелмуваат смеките, па најдобро е да бидат исклучени. Според Наталиа, тие трошат по околу 0,3 киловатчасови и кога не се користат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс