Search

Eдноставно прашање што треба почесто да им го поставуваме на децата

Повеќето родители сакаат да помогнат во зајакнувањето и развивањето на самодовербата на своите деца. Позитивните повратни информации и пофалбите можат да ја зголемат нивната самодоверба и да ги поттикнат да истражуваат нови можности. Меѓутоа, понекогаш и прашањата можат да помогнат да се постигне таа цел. Наставничката и мајка Јан, сподели едноставно прашање на Инстаграм што треба почесто да им го поставуваме на нашите деца.

„Дали сакате да воспитувате деца кои веруваат во себе и во сопственото мислење? Секогаш кога ќе добиете прилика, треба да ги прашате: „Што мислите?“, открила наставничката во описот на објавата.

Наведува дека децата се љубопитни и често им го поставуваат на родителите прашањето „Зошто“, а ова е одлична можност да одговорат „Што мислите вие?“. Таа тврди дека тоа ги поттикнува да размислуваат за да дојдат до сопствени одговори.

„Со тоа што редовно им помагаме на децата да ја практикуваат вештината на независно размислување, работиме на нивната способност да размислуваат критички, да решаваат проблеми и да им веруваат на сопствените способности објасни таа.

Извор: Инстаграм

Најново

Последни колумни