Актерката и пејачка Џенифер Лопез е повторно на мета на критики откако изјави дека нејзиното латиноамериканско потекло ѝ го отежнало добивањето филмски улоги во Холивуд. Во едно интервју таа објасни дека никогаш не добивала толку многу понуди колку што јавноста можеби претпоставува, и дека често морала сама да си создава можности.
Таа додава и дека потешко ѝ било да добие одредени улоги бидејќи, како што вели, не била типична бела актерка. Лопез потенцираше дека Холивуд бара одредени специфични карактеристики кога е во прашање изборот на актери, но признава и дека оваа ситуација е подобрена во последниов период.
Поради овие коментари, голем дел од публиката не беше задоволна. Дел од коментарите на социјалните мрежи тврдат дека Лопез нема причина да се жали бидејќи има долга и успешна кариера.
Во текот на својата кариера, Џенифер Лопез оствари бројни забележителни филмски улоги. Таа се прослави во 1997 година со главната улога во биографскиот филм „Селена“ (Selena), во кој ја толкуваше покојната пејачка Селена Кинтанила-Перез. Подоцна глумеше во филмови како „Out of Sight“, „The Wedding Planner“, „Maid in Manhattan“, а во поново време се појави во „Hustlers“, „Second Act“, „Shotgun Wedding“ и „Office Romance“.
