Дрон експлодирал во романско цивилно пристаниште

„Тоа е еден вид дрон што се користел во војната во Украина“, додаде романското министерство на социјалните мрежи

Морнарички дрон експлодираше утрово околу 10:30 часот по локално време во цивилното пристаниште Констанца, Романија, во близина на седиштето на Романската агенција за поморска безбедност, соопшти романското Министерство за одбрана, додавајќи дека нема жртви.

„Тоа е еден вид дрон што се користел во војната во Украина“, додаде романското министерство на социјалните мрежи, без да даде детали за потеклото на дронот.

„Сакаме да разјасниме дека тоа не е дел од опремата на романската војска и дека не учествувало во неодамнешните вежби организирани од Министерството за одбрана во регионот на Црното Море“, се додава во соопштението.

Романската обвинителска канцеларија започна истрага.

е-Трн да боцка во твојот инбокс