Драма на небото: Авион од Хургада принудно слета во Белград поради чад во пилотската кабина

Авион на египетската компанија Air Cairo кој летал од Хургада кон Минхен принудно слета на аеродромот во Белград поради индикација за чад во пилотската кабина. Патниците безбедно го напуштиле леталото.

Авион на египетската авиокомпанија Air Cairo денеска принудно слета на Аеродром Никола Тесла поради технички проблем за време на летот од Хургада кон Минхен. Според информациите на српската агенција Танјуг, авионот слетал во 14:35 часот откако била регистрирана индикација за чад во пилотската кабина.

По слетувањето, патниците мирно и безбедно го напуштиле авионот, а засега нема информации за повредени лица. Од аеродромот наведуваат дека станува збор за технички причини, додека авиокомпанијата дополнително ќе организира продолжување на патувањето на патниците кон Минхен.

Инцидентот предизвикал краткотрајна реакција на аеродромските служби, кои постапиле според безбедносните протоколи за вакви ситуации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс