Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови се очекуваат услови за развој на нестабилна облачност, која наместа може да донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во западните делови од земјата ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе дува северен ветер, кој на одредени места повремено ќе засилува. Температурите ќе се движат во посвежи рамки за овој период, со утрински вредности од 6 до 13 степени и дневни температури од 13 до 23 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време. Во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Нестабилноста во текот на денот може да биде поизразена попладне, па се препорачува внимателност при движење на отворено, особено во подрачјата каде што ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.