Search

Доволен ми е сончев ден за насмевка

Јована има 21 година, студира во Скопје, а родена е во Кичево. Нејзините соништа и желби се скромни. Мисли дека со добро друштво животот е посреќен.

„Навистина сонувам за среќен живот исполнет со насмевки. А за да се насмеам доволно ми е сончев ден и добро друштво“.- ни изјави Јована, која низ насмевка ни раскажа дека малите и едноставни работи го прават животот посреќен.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни