Долината на елените e покриена со снег, погледнете ja бајката од реалноста

Ранчот е лоциран во близина на Плитвичките езера

Ранчот „Долина на елените“ е покриена со снег, а прекрасните сцени создаваат вистинска зимска бајка. Вчера тимот од ранчот лоциран во близина на Плитвичките езера сподели видео на Инстаграм на кое елените полека шетаат низ снегот, а еден од нив дури и љубопитно зјапа во камерата.

Видеото собра речиси две илјади лајкови, а многумина во коментарите напишаа колку глетката била магична.

„Неверојатно и бајковито“, „Зарем ова е реално“, „Не можам да им верувам на очите колку е само убаво“, се само дел од коментарите на следбениците.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс