Дојави за бомби во „Ист Гејт“ и „Дајмонд мол“ полицијата на терен

Од МВР информираат дека веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен во објектите на Дајмонд и Ист Гејт

Денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, пристигнале дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје.

Од МВР информираат дека веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен.

Оттаму, додаваат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите.

Инаку последните два дена дојави за бомби кои се потврдија како лажни се појавија во трговски центри во Сараево, Загреб, Будва и Подгорица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни