Договор во ЕУ: Одложен Законот за вештачка интелигенција, новите правила стапуваат подоцна

Државите членки на Европската Унија и Европскиот парламент се согласија за одложување на примената на делови од Законот за вештачка интелигенција, вклучително и правилата за високоризични системи.

Државите членки на Европската Унија и пратениците во Европскиот парламент постигнаа договор за ублажување на клучни делови од Законот за вештачка интелигенција, вклучително и одложување на неговата примена. Привремениот договор, кој во следните месеци треба формално да биде потврден од владите на Унијата и од Парламентот, дојде по деветчасовни преговори.

„Договорот за Законот за вештачка интелигенција значително ќе им помогне на компаниите со намалување на административните трошоци“, изјави Мариелена Раоуна, заменик-министерка за европски прашања на Кипар, кој во моментов претседава со Советот на ЕУ.

Одложена примена на клучни правила

Промените на Законот за вештачка интелигенција, кој стапи на сила во август 2024 година, се дел од напорите на Европска комисија за поедноставување на дигиталните регулативи. Правилата за високоризични системи на вештачка интелигенција како биометрија и критична инфраструктура – ќе бидат одложени до 2 декември 2027 година. Претходниот рок бил 2 август оваа година.

Исто така, од Законот ќе бидат изземени одредени машини, бидејќи веќе се регулирани со секторски прописи.

Забрани и нови обврски

Договорот вклучува и забрана за користење на вештачка интелигенција за создавање неовластени сексуално експлицитни содржини и „дипфејк“ материјали. Овие забрани ќе стапат на сила на 2 декември, кога ќе стане задолжително и означување со воден жиг за содржини генерирани од вештачка интелигенција.

Реформите доаѓаат по притисок од компании кои се жалеа на преголема бирократија и преклопување на регулативи, што им отежнува конкуренција со компании од САД и Азија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни