Џиновска ајкула снимена кај островот Црес – втор најголем вид во светот

Редок морски вид беше снимен во водите кај хрватскиот остров Црес, а според Институтот „Син свет“ најверојатно станува збор за џиновска ајкула (Cetorhinus maximus), вториот најголем вид ајкула во светот. Иако снимката не е целосно јасна, експертите се повикуваат на карактеристичната форма на грбната перка.

Џиновската ајкула е ретко забележуван, но постојано присутен вид во источниот Јадран, особено во Кварнерскиот залив, каде што богатството со зоопланктон создава погодни услови за овој филтер-хранител.

е-Трн да боцка во твојот инбокс