Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопордажни цени на горивата.
Согласно одлуката на РКЕ, од вечерва на полноќ ќе има мало зголемување на цените на бензините, но и сериозно намалување на цената на дизел горивото.
Од вечерва на полноќ: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит; Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит; Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит: Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и сега ќе изнесува 44,410 ден/кг.
Па така од вечерва на полноќ ќе важат следните цени:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,410 (денари/килограм)