Digital habits – Како Македонците живеат онлајн денес?

Во 2026 година, дигиталните навики во Македонија повеќе не се „тренд“ туку се секојдневие. Од комуникација и плаќања, до забава и информирање, поголемиот дел од граѓаните веќе живеат во хибриден модел каде реалниот и дигиталниот свет се целосно испреплетени

Без големи наслови и без драматични најави, нова генерација апликации постепено го менува начинот на кој Македонците комуницираат, работат и се информираат. Овој тренд е дел од глобалниот бран на дигитални алатки кои не се секогаш познати, но имаат големо влијание врз секојдневмиот живот. „Тивкаката“ дигитална револуција и апликациите за мобилно плаќање, дигитално банкарство, брза комуникација и организација на работата, стануваат дел од секојдневието. Иако не се секогаш нови, нивната употреба значително расте.

Според анализите на Меѓународна телекомуникациска унија, растот на мобилниот интернет и смартфон телефоните директно го забрзува усвојувањето на дигиталните сервиси. Иако пазарот брзо се менува, неколку категории се издвојуваат и тоа се пред се: финтек апликации и апликации за плаќања банкарски сметки, како и апликации за достава и локални услуги. Се почесто користени се и AI алатки за продуктивност (пишување, превод, анализа) апликации за навигација и транспорт. Овие алатки не само што штедат време, туку постепено го менуваат односот кон услугите, од физички кон дигитален пристап.

Во 2026 година, дигиталните навики во Македонија повеќе не се „тренд“ туку се секојдневие. Од комуникација и плаќања, до забава и информирање, поголемиот дел од граѓаните веќе живеат во хибриден модел каде реалниот и дигиталниот свет се целосно испреплетени. Според податоците на Државен завод за статистика , во земјава над 90% од домаќинствата имаат пристап до интернет, а мобилниот интернет е доминантен начин на поврзување. Ова е основата врз која се градат современите дигитални навики во земјата. Мобилниот телефон стана главен прозорец кон светот. Viber, Facebook и TikTok го структурираат денот, мобилното банкарство ги замени шалтерите, а AI алатките тивко влегуваат во секојдневието. Македонија, велат експертите е високо поврзана земја, но дигитално нерамномерно развиена.

Viber, WhatsApp и Messenger го диктираат темпото на комуникација

Најсилната дигитална навика во земјава е комуникацијата преку апликации за пораки. Според податоци на Државниот завод за статистика, над 85 проценти од интернет корисниците користат некоја форма на месинџер апликација секојдневно.

Viber останува доминантен за локална комуникација, особено кај повозрасната популација, додека WhatsApp расте во бизнис секторот и меѓународната комуникација. Facebook Messenger останува широко користен, главно поради интеграцијата со Facebook. Овие апликации одамна излегоа од рамките на приватниот разговор. Денес преку нив функционираат училишта, локални бизниси, институции и соседски заедници.

Facebook старее, TikTok расте, Instagram го зема средното

Социјалните мрежи се вториот столб на дигиталниот живот во Македонија. Проценките покажуваат над еден милион активни корисници, при што Facebook останува најмасовна платформа со над два милиони регистрирани профили, но публиката постепено старее.

Instagram брои помеѓу 900.000 и 1,2 милиони корисници и доминира кај средната генерација, додека TikTok е најбрзорастечката платформа во земјата со околу еден милион корисници и речиси целосна доминација кај генерацијата Z. Според DataReportal, TikTok бележи годишен раст од над шест проценти.

Според Евростат, земјите од регионот имаат висока употреба на социјални мрежи, но значително пониска употреба на напредни дигитални услуги, што ја објаснува нерамномерната дигитализација карактеристична и за Македонија.

Мобилното банкарство ги испразни банкарските шалтери

Еден од најтивките, но најзначајни пресврти во дигиталните навики е промената во однесувањето кон финансиските услуги. Мобилното банкарство во Македонија бележи постојан раст, а физичките посети во банки се намалуваат.

Граѓаните сè почесто плаќаат сметки, вршат трансфери и користат бесконтактно плаќање преку апликации. Овој тренд не е специфичен само за Македонија. Според Меѓународната телекомуникациска унија, растот на мобилниот интернет во земјите во развој директно ја забрзува дигитализацијата на финансиските услуги. Резултатот е структурна промена во навиките: услугата која порано бараше физичко присуство денес се завршува за неколку секунди од телефон.

Најкористени апликации

Според Државен завод за статистика на Северна Македонија, апликациите како WhatsApp Viber Facebook Messenger се најчесто користени за комуникација. Социјалните мрежи имаат најголем reach. Во Македонија има околу:. ~1.03 милиони корисници на социјални мрежи што е околу 56–57% од населението.

Во земјава дигиталниот екосистем е силно концентриран околу неколку глобални платформи. Податоците покажуваат дека социјалните мрежи и месинџерите доминираат, додека останатите категории растат бавно, но стабилно.

Ова се 10 те најкористени апликации во земјава

1. Facebook е најголемата и најдоминантна платформа во земјата со повеќе од милион корисници и главен извор на вести, групи и јавна комуникација. Според Евростат и Meta data анализите, Facebook останува најшироко користена социјална платформа во регионот.

2. YouTube е најкористена видео платформа во земјава со 1.5–2 милиони корисници доминантен за музика, туторијали и вести со висока дневна употреба кај сите возрасти.

3. Viber е најмногу користена комуникациска апликација во Македонија и најчест избор за локална комуникација, користен и за бизнис и институции.

4. Instagram е брзо растечка социјална мрежа со од 900.000 до 1.2 милиони корисници и доминира кај младата популација со силен визуелен и инфлуенсерски тренд. 

5. WhatsApp е сè посилна алтернатива на Viber со околу 2 милиони корисници, растечки и силен тренд за меѓународна комуникација и често користена во бизнис секторот. 

6. TikTok  е најбрзорастечка апликација во Македонија со околу 700.000 до 1 милион корисници, најмногу кај Gen Z кои покажуваат висока дневна ангажираност. TikTok бележи стабилен раст од над 6% годишно.

7. Messenger (Facebook Messenger) сè уште важен, но секундарен. Интегриран со Facebook и широко користен кај младите во приватна комуникација

8. Google Maps, е една од најкористените „utility“ апликации. Нуди навигација + локални бизниси секојдневна употреба во урбани средини клучен за транспорт и патување

9. Instagram Reels / short video tools, апликација за кратки видеа и најбрзо растечки формат со висока дневна консумација доминација кај младите

10. Banking apps или мобилно банкарство, бележи најбрз раст во „non-social“ категории за плаќање сметки, трансфери, картички намалување на физички посети во банки 

Македонија е high-usage market, не low-tech но е platform-dependent (глобални апликации) локални апликации речиси и да немаат доминација младите целосно го диктираат дигиталниот тренд

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни