Search

DevCon: Меѓународна конференција од ИТ заедницата за ИТ заедницата на 11 мај во МКЦ

После три успешни конференции во Скопје и две во Приштина, DevCon се враќа повторно во Скопје. Ова издание ќе се фокусира особено на развојот на софтвер, податоците и вештачката интелигенција.

Присуството е бесплатно, регистрирајте се на следниов ЛИНК.

DevCon е бренд под кој се одржуваат конференции „од ИТ заедницата за ИТ заедницата“, овозможувајќи им на локалните и меѓународните ИТ професионалци да се вмрежуваат, дружат и да споделуваат знаење за најновите трендови во развојот на  софтвер, податоците и вештачката интелигенција.

Интересни факти кои вредат да се истакнат за оваа конференција се дека во петте досегашни изданија, имало над 1000 учесници, 35 презентации и 1050 минути од разговори за програмирање.

За овогодинешното издание, 7 говорници ќе зборуваат на различни теми, односно ќе ги слушнеме македонските претставници Ташко Павлов, Ива Станковска, Нина Хаџи Котарова, Антонио Неданоски, Марјан Јовановски како и Ерол Горци (Eroll Gorci) од Косово и Бен Галовеј (Ben Galloway) од Обединетото Кралство.

Целосната агенда на настанот  како и повеќе информации за самата конференција може да се прочитаат на официјалнaта веб страна.

„Предизвик и вистинско задоволство е да бидеме домаќини на конференцијата која веќе по четврти пат се одржува во Скопје. Со секој нов настан, учиме и се усовршуваме со цел да ја зголемиме и унапредиме професионалноста во ИТ заедницата. Одбравме врвни експерти од индустријата кои ќе разговараат за најновите технологии во различни области, покривајќи напредни теми кои одговараат на различни професионални нивоа. Со огромно задоволство ве покануваме да присуствувате и да се дружиме на нашиот DevCon” – изјави Биљана Цветковска, оперативен менаџер во Kin + Carta Македонија.

Додека пак Ентони Шмид (Anthony Schmidt), основачот на Tarmac, истакна: ‘’Среќни сме што преку вакви конференции може да придонесеме и во споделувањето на различни искуства и знаење за најновите трендови во светот на технологијата, а со тоа и да ја поддржиме локалната, но и меѓународната ИТ заедница. Втора година по ред со задоволство соработуваме со Kin + Carta во реализацијата на DevCon и веруваме дека оваа соработка ќе продолжи.”

Не пропуштајте, 11 мај, сабота во 09:00 часот, МКЦ Скопје (кино Фросина).

DevCon е меѓународна ИТ конференција, а кај нас годинава е поддржана со организација од компаниите Kin + Carta и Tarmac.

Поддржувачи на настанот се и Women in Tech MacedoniaMarketing 365 и Konekt.mk

Kin + Carta е глобална консултантска компанија за дигитална трансформација. Нивните 2.000 консултанти, инженери и програмери ширум светот нудат експертиза за развој на веб и мобилни телефони, вештачка интелигенција, податоци, машинско учење, DevOps, QA и UX/UI. Како сертифицирана B Corp компанија, нивниот фокус е подеднаков за луѓето, планетата и перформансите. Тие градат платформи, производи и услуги кои прават огромна разлика и избираат да го користат бизнисот како сила за добро.

Tarmac е глобална компанија за развој на софтвер која им помага на бизнисите да дизајнираат, градат и поддржуваат исклучителен софтвер. Со канцеларии во Уругвај, Аргентина, Бразил, Македонија и Холандија, нивниот глобален тим од 300+ е cпецијализиран за креирање софтверски решенија, вклучувајќи DevOps, UX/UI, автоматско тестирање, управување со производи и инженерство на податоци.

Извор: https://inovativnost.mk/2024/05/06/devcon-megunarodna-konferenczija-od-it-zaedniczata-za-it-zaedniczata-na-11-maj-vo-mkcz/

Најново

Последни колумни