Десет неочекувани симптоми на менопауза за кои ретко се зборува

Менопаузата означува крај на репродуктивниот период, предизвикан од пад на нивото на естроген и прогестерон. Додека некои жени поминуваат низ постепена перименопауза, други се соочуваат со изненадни промени

Менопаузата, природната фаза во животот на жената која обично започнува помеѓу 45 и 55 година, често се поврзува со познатите проблеми. Меѓутоа, освен вообичаениte знаци, постојат и помалку познати симптоми кои можат да изненадат многу жени, предупредува платформата Balance.

Менопаузата означува крај на репродуктивниот период, предизвикан од пад на нивото на естроген и прогестерон. Додека некои жени поминуваат низ постепена перименопауза, други се соочуваат со изненадни промени. Еве десет необични симптоми кои можат да укажуваат на почетокот на оваа фаза.

Напади на студ
Освен познатите напади на топлина, некои жени доживуваат изненадни чувства на студ. Причината се хормоналните промени во хипоталамусот, дел од мозокот кој ја регулира телесната температура.

Суви очи
Чувство на сув или замаглен вид може да потсетува на алергиска реакција, но често е поврза со менопаузата. Според истражување од 2017 година, падот на нивото на тестостерон го намалува производството на солзите, што може да биде особено предизвик за жените кои работат на компјутер.

Кршливи нокти
Ноктите кои стануваат потенки, поеластични или лесно се лупат може да сигнализираат дека менопаузата пристигнува. Ова е резултат на намалување на кератинот, протеинот кој зависи од хормоните како што се естрадиол и прогестерон.

Киселини
Неудобното чувство на печење во стомакот, често проследено со надуеност или лош здив, може да се влоши за време на менопаузата поради хормоналните флуктуации, но и поради стрес, лоша исхрана или консумирање алкохол.

Вртоглавица
Освен менталната магла, многу жени доживуваат повремена вртоглавица, особено при туширање со топла вода. Причината може да биде промена во нивото на хормоните кои влијаат на протокот на крвта и балансот.

Променет осет на мирис
Некои жени забележуваат дека помалку чувствуваат мириси, додека други стануваат прекумерно чувствителни на одредени ароми. Хормоналните промени влијаат на мозокот кој обработува мириси и вкусови.

Зуење во ушите
Тинитус, односно зуење или шум во ушите, може да се појави за време на менопаузата, предизвикувајќи стрес, несоница или потешкотии со концентрацијата. Според анкетата од 2022 година, 19% од жените во перименопауза или менопауза пријавиле овој симптом.

Чувство на печење во устата
Печкање на јазикот, непцата или внатрешноста на образите, слично на чувството по консумирањето на топол напиток, може да биде поврзано со падот на хормоните кои го поддржуваат здравјето на усната шуплина, предизвикувајќи сувост или дури и пародонтални проблеми.

Чешање на кожата
Сувата, груба кожа се чести за време на менопаузата. Намалувањето на колагенот поради падот на хормоните може да доведе до поцврста кожа и појава на брчки.

Аритмии
Изненадно чувство на забрзано чукање на срцето, кое трае од неколку секунди до неколку минути, ноќно потење или вртоглавица, сигнализираат на хормонални промени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни