Организацијата на Обединетите Нации денеска, 25 мај го одбележува Светскиот ден на фудбалот.
Во 2024 година ја се одбележаа100 години од првиот меѓународен фудбалски турнир во историјата со претставување на сите региони, што се одржа на 25 мај 1924 година, за време на Летните олимписки игри што се одржаа во Париз.
Како признание за оваа пресвртница, на 7 мај 2024 година, Генералното собрание ја усвои Резолуцијата A/RES/78/281 со која го прогласи 25 мај за Светски ден на фудбалот.
Резолуцијата го признава „глобалниот дострел на фудбалот и неговото влијание во различни сфери, вклучувајќи ја трговијата, мирот и дипломатијата, и признава дека фудбалот создава простор за соработка“.
Исто така, се признава „фундаменталната улога“ на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) и важната улога на регионалните и националните фудбалски федерации, како и релевантните здруженија, во промовирањето на фудбалската игра.
Резолуцијата ги охрабрува сите земји да го поддржат фудбалот и другите спортови како алатка за промовирање на мирот, развојот и јакнењето на жените и девојчињата. Исто така, ги охрабрува земјите да усвојат политики и програми за промовирање на фудбалот и другите спортови и физички активности.
„Фудбалот ги надминува границите — обединувајќи луѓе од сите возрасти и култури преку солидарност, почит и споделена страст. Светскиот ден на фудбалот ја слави моќта на играта да го поттикне развојот и мирот, да промовира здравје и благосостојба и да помогне во градењето поинклузивни општества“ стои во честитката на ООН.