Некои датуми ги памтиме по љубовта, а еден по тоа што ги истакнува причините да прославиш ако не си врска или во брак. 11.11 е “Singles day”, неофицијален празник што започна како шега, а денес го слави цел свет.
Приказната почнува околу 1993 година на универзитетот во Нанџинг, Кина. Според една верзија, неколку сингл студенти од еден студентски дом решиле да го одбележат 11 ноември со забава посветена на оние кои не се во врска. Датумот не е случаен, бидејќи цифрата 1 симболично значи сингл, а четири единици означуваат заедница на луѓе кои не се во брак или врска.
Со интернетот одбележувањето на денот целосно се промени со организирани забави за запознавање, но и групни венчавки. Во Пекинг на 11.11.2011 се венчале над 4.000 парови, наспроти околу 700 на обичен ден, па денот на “самците” некако станал и ден на свадби. Во 2009 година една онлајн платформа воведува 24-часовен онлајн шопинг-фестивал, и од тогаш 11.11 е еден од најголемите шопинг-денови во светот.
Денес не ти треба шопинг-маратон, а не мора ни да си сам. Доволно е да направиш нешто што обично го одложуваш за „кога ќе имам со кого“. Почести се или почести пријател/ка со само неколку клика на Wolt.
Како изгледа ден за себе?
Ако 11.11 е твој, ајде да го испланираме како што треба. Почнува наутро, без брзање. Појадок што одамна не си го јадел/a и кафе со нешто слатко, во кревет ако сакаш, а ако дома нема ништо од тоа, лесно се стигнува со само еден клик.
За ручек нема компромиси. Јадењето што секогаш го одложуваш затоа што другите не го сакаат – токму тоа го заслужуваш денес. Денот е твој, па и изборот.
Попладнето е за нега и релаксација. Маска за лице, крема или пакет овошје може да биде мал ритуал што го менува расположението. Здравјето и негата се, меѓу другото, меѓу најбрзо растечките категории на Wolt во 2025 година.
Ако имаш автомобил, и тој заслужува свој ден. Чист ентериер, свеж мирис и подготовка за зима, од средства за нега до брисачи и опрема за снег, е мал ритуал што го чувствуваш секој пат кога ќе се влезеш. На Wolt може да најдеш се што ти треба за твојот автомобил.
А за оние што сакаат нешто поинаку, електрониката е исто така меѓу најбрзо растечките категории на Wolt. Нови слушалки, полнач што секогаш недостасува или нешто мало за телефонот е практичен подарок што ќе го користиш секој ден.
Има ли предизвик што го одложуваш? Првото трчање, тренингот три пати неделно или вежбањето што секогаш било „од понеделник“. 11.11 е добар датум да почнеш, а фитнес суплементите и сè што ти треба за првиот чекор можат да се најдат на едно место на Wolt.
Вечерта ја затвораш со десерт без причина и омилен филм. Палачинки, крофни или што и да ти падне на ум, сè е дозволено кога денот е твој.
Сето тоа може да стигне до твојата врата преку Wolt, а Wolt+ е тука за деновите кога сакаш рутината да ти биде полесна. Среќен 11.11, со Wolt+ како твој +1.
