Украинските напади со дронови со долг дострел исфрлија од колосек речиси 30 отсто од вкупниот руски капацитет за преработка на нафта. Ударите директно погодија клучни рафинерии во европскиот дел на Русија, создавајќи сериозен дефицит на моторни горива на домашниот пазар на Москва токму во период на зголемена воена и сезонска потрошувачка. Оваа стратегија покажува дека Киев успева да воведе сопствени економски санкции на терен со директно намалување на воениот буџет на Кремљ.
Украинската војска во последните недели ја промени тактиката и наместо складишта за нафта, почна прецизно да ги гаѓа најкомплексните и најскапите делови од рафинериите: постројките за примарна дестилација и каталитички крекинг. Бидејќи овие индустриски единици користат западна технологија и компоненти што Русија тешко може да ги набави под меѓународно емабрго, секој удар значи дефекти што не можат да се санираат со месеци.
A nighttime panorama of the Ryazan oil refinery, targeted by Ukrainian Defense Forces strike drones today. Following a series of explosions, several fires were observed in the industrial area. https://t.co/UqpWUqJ4xo
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) November 5, 2026
Проценките на енергетските аналитичари покажуваат дека со онеспособувањето на овие капацитети, руската преработка падна за речиси една третина. Тоа создаде верижен проблем: сурова нафта има во изобилство, но недостига капацитет за нејзина преработка во бензин, дизел и авионско гориво.
Директната последица од ударите е силен притисок врз рускиот домашен пазар. За да спречи колапс на бензинските пумпи и пораст на незадоволството кај граѓаните, руската влада беше принудена да воведе ограничувања и забрани за извоз на бензин. Ваквата одлука значително го намалува девизниот прилив од нафтени деривати, кој директно ја полни државната каса за водење на војната во Украина.
Истовремено, дистрибуцијата на дизел кон фронтот станува логистички предизвик. Поради оштетувањата на погоните во близина на логистичките коридори, Русија мора да транспортира гориво од далечните рафинерии во Сибир, што дополнително ја оптоварува железничката мрежа.
