Делови од Шпанија изгледаат како да се спојуваат со морето по невремето

Смртоносните поплави што ја потресоа Шпанија оваа недела по интензивните, историски врнежи од дожд се толку обемни и силни што областа изгледаше како внатрешно море од вселената.
Фото: USGS, processed by ESA

Дожд што обично паѓа во една година, падна за само неколку часа во источно централна Шпанија во вторникот, создавајќи поплава што ги проби бреговите на реките, ги претвори улиците во бесни брзаци и однесе автомобили и мостови.

Делови од областа сега изгледаат како продолжение на Балеарското Море, откако невидените врнежи го претворија сувото тло во огромно пространство со вода, покажуваат сателитските снимки снимени на 30 октомври.

Поплавите се појавуваат како различни нијанси на сино и го покриваат сувото тло (кафеава и зелена), покажуваат сликите.

Водните патишта кои едвај беа забележливи на сателитската слика „пред“ од почетокот на месецот сега се означени со светло сина боја, што покажува колку се зголемени.

Десетици луѓе се водат како исчезнати од четвртокот, додека спасувачките напори продолжуваат.

Поројните врнежи оваа недела беа околу 12% пообилни и двојно поверојатни да се случат сега во споредба со прединдустриската клима, пред луѓето да почнат да согоруваат фосилни горива, според брзата анализа на World Weather Attribution.

Брзата анализа се прави веднаш по екстремните временски настани со анализа на податоци и климатски модели за да се утврди каква улога играле климатските промени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни