Дел од општина Центар денеска ќе остане без вода поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Црвена Вода“. Прекинот, според информациите од ЈП „Водовод и канализација“, се однесува на корисниците од оваа улица и почнал од 09:00 часот.
Станува збор за уличен дефект на водоводна мрежа со профил ф-80 милиметри на адреса „Црвена Вода“ број 9. Од претпријатието велат дека водоснабдувањето ќе биде во прекин сè до завршување на санацијата.