Зошто обичната вода не е секогаш вистинскиот избор кога сте дехидрирани?

Лекарите велат дека газираната и минералната вода подобро задржуваат течности во организмот, но супата и млакото млеко се уште поделотворни.
Фото: Freepik

Пиењето обична вода не е секогаш најдобриот начин за брза хидратација кога телото губи електролити, предупредуваат лекарите. Тие објаснуваат дека минералната вода задржува повеќе течност во организмот од обичната, но супата од зеленчук или коски и млакото млеко обезбедуваат уште подобра рамнотежа на солите. Затоа, при силно потење или летни горештини, обичната вода брзо се излачува ако не се внесат и потребните минерали.

Обичната вода брзо поминува низ дигестивниот систем и поттикнува мокрење, поради што телото може повторно да остане без доволно течности ако не се надокнадат изгубените соли. Експертите истакнуваат дека минералната вода содржи натриум, калиум и магнезиум кои помагаат течноста да се задржи подолго во клетките и ткивата.

За разликува од чистата, обична вода, минерализираните пијалаци спречуваат разредување на електролитите во крвта при зголемена физичка активност или високи температури.

Иако газираната и минералната вода се подобра опција од обичната вода, супата ги надминува сите нив. Топлата или млака супа од зеленчук и коски содржи комбинација од вода, натриум и аминокиселини што овозможуваат побрза апсорпција во цревата.

Покрај супата, млакото млеко исто така се издвојува како исклучително ефикасен пијалак за хидратација. Тоа содржи протеини, масти и природни шеќери кои го забавуваат празнењето на стомакот и овозможуваат постепено впивање на течностите.

Внесувањето исклучително ладни пијалаци или сокови со висок процент на шеќер може да создаде спротивен ефект и да ја забави хидратацијата. Ледената вода предизвикува грч во желудникот, додека шеќерот влече дополнителна вода во цревата за да се разгради, што може да доведе до дехидратација на остатокот од организмот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс