Дефект на мрежата ги остави без вода Горно Лисиче и селото Лисиче

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ санираат оштетување на улицата „Ѓорги Капчев“, а снабдувањето ќе се нормализира по завршување на работите.
Фото: Flickr/nekidtroll

Жителите од дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во населбите Горно Лисиче и село Лисиче денеска од 11:00 часот се соочуваат со прекин во снабдувањето со вода. Причината за прекинот е уличен дефект на водоводна мрежа на самата улица.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје соопштија дека нивните дежурни екипи се на терен за отстранување на уличниот дефект на водоводната линија лоцирана на оваа сообраќајница.

Според известувањето од претпријатието, чешмите на корисниците во овој дел од скопската населба ќе останат суви сè додека целосно не завршат работните активности за санирање на дефектот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс