Ерве Ренар ја напушти селекторската функција на Тунис по само 18 дена, по неуспешниот настап на Светското првенство. Францускиот стратег одлуката ја објави преку социјалните мрежи.
„Мојата авантура овде завршува. Ми беше чест да го водам Тунис на Светското првенство и ова искуство засекогаш ќе го паметам“, порача 57-годишниот тренер.
Не успеа да ја разбуди репрезентацијата
Ренар го наследи Сабри Ламуши среде турнирот, но промената на клупата не донесе резултатски пресврт.
Тунис настапот го заврши без ниту една победа, а елиминацијата беше потврдена со поразот од Холандија со 3:1 во последното коло од групната фаза.
Историски негативен рекорд
Тунижаните на проширениот Мундијал со 48 репрезентации примија дури 12 голови, што претставува нов негативен рекорд во историјата на Светските првенства.Претходниот неславен рекорд го држеше Костарика, која на Светското првенство во 2022 година прими 11 погодоци.
Катастрофалниот пораз од Шведска со 5:1 во првото коло доведе до смена на Ламуши, но ниту доаѓањето на Ренар не ја подобри ситуацијата. Во следниот натпревар Тунис беше убедливо поразен и од Јапонија со 4:0.
По тој натпревар Ренар призна дека се чувствувал „посрамен“.
Договорот на францускиот тренер со Тунискиот фудбалски сојуз важеше само до крајот на Светското првенство, а по елиминацијата стана јасно дека соработката нема да продолжи.