Дарио Коста ги помести границите на авијацијата летајќи со авион низ легендарниот Streif

Италијанскиот пилот Дарио Коста, познато лице од натпреварувачката серија Red Bull Air Race, уште еднаш ги помести границите на авијацијата прелетувајќи со авион по легендарната скијачка патека Streif во Kitzbühel, достигнувајќи максимална брзина од 350 км/ч. Овој проект беше една необична ‘проверка’ на стазата пред претстојната скијачка трка.

Коста е опседнат со летање и авијација уште од своето детство, а првиот лет како пилот го направил на 16-годишна возраст. Потоа, во 2013 година, тој ја презема улогата на Flight Operations Manager за серијата Red Bull Air Race и развоен пилот за акробатските авиони Extra 330LX и Zivko Edge 540, кои ги користи и денес.

Од 2018 па наваму, Дарио се посвети на поставување на нови светски рекорди во летање. Во 2021 година, тој постави пет нови рекорди со неговиот проект Tunnel Pass во Турција.

Меѓутоа, овој пат Коста сакаше да им пркоси на законите на физиката и да лета по застрашувачка стаза.

„Ова го направив прв во светот, затоа и многу ми се допаѓа. Како и во сите останати случаи, кога прв правиш нешто, предизвикот е во тоа што немаш никакви претходни податоци кои можеш да ги проучуваш. Едноставно, немаш искуство. За што и да се спремаш, секогаш постои еден голем “знак прашалник”. Рекорди може да се срушат, но кога прв во светот правиш нешто, тоа останува засекогаш“, изјави 44-годишниот Коста.

Streif е веројатно најпредизвикувачката стаза за спуст на светот, долга 3.312м, со висинска разлика од 860м помеѓу почетната порта на 1.665м н.м.в и целната линија. 

Пред да полета Коста, неговиот тим Flying Bulls, мораше да добие дозвола, да го процени ризикот, да направи балистички пресметки и да смисли стратегија за патеката на летот, за безбедно да го спроведе проектот на стаза затворена за јавноста.

Додека Коста во својот авион Zivko Edge 540 леташе што може поблиску до Streif, тој се соочи со Г-сили над 10Г. Перспективата беше единствена, а максималниот наклон беше 85 %. 

Немаше простор за грешки, бидејќи ако би летал пребрзо, неговиот радиус на вртење би бил преголем за да остане во рамките на стазата, а ако би летал пребавно, летот би ја изгубил својата сила.

“Летањето над планини е предизвик, но истото да го правиш на стаза со наклон од 85 % е сосема нова игра. Прво, морав добро да ја запознаам стазата. За разлика од стазата во Red Bull Air Race серијата, која е дизајнирана за да може да леташ со полна сила при брзина поголема од 370 км/ч и не мора да ја намалуваш од влез до излез, овој пат морав да ја прилагодам силата за секое вртење, за да не удрам во нешто. Истовремено, морав да се фокусирам да не ја изгубам силата или да не одам над 12Г, што е максимумот за овој авион”, изјави брилијантниот Италијанец. 

Летот на Коста  вклучуваше два екстремно тешки маневри, минувајќи низ Red Bull сводот во Hausbergkante и низ последниот лак на Audi Bogen, каде мораше да реагира со молскавична брзина.

“Маневрите беа многу тешки, не само поради стрмнината. На пример, двата сводови под коишто летав беа многу ниски и бев уште поблиску до земјата. Сериозен предизвик беше недостатокот на перцепција за длабочина, бидејќи скоро сѐ на Streif беше бело. Ова беше огромен предизвик за мене како пилот”, кажа Коста. 

Неговиот лет го следеше светскиот шампион во супервелеслалом од 2001г., Дерон Ралвс, кој победи на 12 трки од Светскиот куп во неговата кариера во алпско скијање, вклучувајќи го и легендарното спуштање на Streif во Kitzbühel во 2003г.

„Беше неверојатно да се гледа како Дарио лета и колку е прецизен и динамичен. Тој е вистинска тркачка машина во воздух. Секогаш кога успевам да скијам низ Streif, чувството е неверојатно. А, да го издигнеш тоа на следно ниво, да го донесеш Дарио и да го гледаш како лета со својот авион, веројатно е најдобрата трка досега“, изјави 51-годишниот Ралвс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни