Даниел Деј Луис се враќа од пензија за да глуми во филм на неговиот син

Папараците на Daily mail го фотографираа славниот актер, Даниел Деј Луис на снимање на филм во Манчестер. На фотографиите се гледа како легендарниот актер снима акциона сцена на мотор со Шон Бин.
Фото: Siebbi, CC BY 3.0, via Wikimedia Commons

Порталот „Deadline“ подоцна потврди дека станува збор за филмот „Anemone“, режисерското деби на Ронан Деј Луис, синот на познатиот оскаровец. Филмот е продуциран од Focus Features и Plan B.

„Anemone“ е драма која ги истражува семејните односи меѓу татковците, синовите и браќата. На сценариото работеле Даниел Деј Луис и неговиот 26-годишен син, кој е сликар.

Покрај Деј Луис и Бин, во актерската екипа се и Саманта Мортон, Семјуел Ботомли и Софија Оукли Грин.

Кинематографер е Бен Фордесман, костимограф Џејн Петри, а сценограф Крис Оди.

„Возбудени сме што работиме со извонредниот визуелен уметник Ронан Деј Луис на неговиот прв долгометражен филм, заедно со неговиот креативен соработник Даниел Деј Луис. Заедно, тие напишаа извонредно сценарио и со нетрпение очекуваме да ја пренесеме нивната заедничка визија на публиката, во соработка со тимот на План Б“, рече Петер Кујавски, претседател на Focus Features.

Даниел Деј Луис се пензионираше во 2017 година откако се појави во драмата „Phantom Thread“, исто така филм на „Focus Features“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни