Дали пуканките се здрави?

Пуканките се една од најпопуларните грицки, а спротивно на популарното верување, можат да бидат и здрави. На тоа дали пуканките се здрава ужина или не, најмногу влијае како се подготвуваат и дали се служат со адитиви како путер, шеќер или сол.

Иако пуканките содржат важни хранливи материи и нудат бројни здравствени придобивки, тие често се подготвуваат со големи количини на масти, шеќер и сол, што може да поттикне прејадување. Затоа е од клучно значење да ги подготвите правилно. Тие можат да бидат исклучително здрави или многу нездрави, во зависност од тоа како се подготвени.

Многу луѓе не знаат дека пуканките се всушност цело зрно, што ги прави природно богати со важни хранливи материи. Студиите ја поврзуваат потрошувачката на цели зрна со намалено воспаление и помал ризик од срцеви заболувања.

Студијата од 2019 година покажа дека пуканките содржат многу големи количини на полифеноли. Полифенолите се поврзани со бројни здравствени придобивки, вклучително и подобрена циркулација, подобро варење и намален ризик од болести како хипертензија и дијабетес. Неколку студии, исто така, покажаа дека полифенолите може да го намалат ризикот од рак, вклучително и рак на простата и дојка.

Исклучително богати со влакна

Пуканките се одличен извор на влакна, кои помагаат да се намали ризикот од срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2 и го подобрува варењето. Шолја пуканки содржи само 31 калорија, што го прави идеални за слабеење бидејќи создава чувство на ситост со низок внес на калории. Сепак, важно е да ги јадете умерено за да го избегнете спротивниот ефект.

Готовите пуканки во микробранова печка, иако се најлесни за подготовка, често содржат хемикалии како PFOA и диацетил поврзани со здравствени проблеми како што се болести на белите дробови и тироидната жлезда. Тие исто така може да содржат масти кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Иако некои брендови тврдат дека се безбедни, здравите пуканки подобро се подготвуваат дома.

И покрај нивните здрави својства, начинот на кој се подготвуваат пуканките може значително да влијае на нивната хранлива вредност. Пуканки купени во кино сали или продавници често се полни со нездрави масти, вештачки вкусови и големи количини шеќер и сол. Овие состојки не само што го зголемуваат внесот на калории, туку можат да имаат и други негативни здравствени ефекти.

Како да подготвите здрави пуканки?

Најздравите пуканки се прават на шпорет. Можете да ги подготвите во само неколку чекори, а состојките што ќе ви бидат потребни се три лажици маслиново или кокосово масло, половина шолја пуканки и половина кафена лажичка сол.

Подготовката на оваа омилена закуска е исто така многу едноставна, а доколку никогаш не сте ја направиле, следете ги овие три чекори:

Во тенџере се ставаат маслото и пченката и се покрива.

Чувајте го на средна топлина околу три минути, додека не престане да пука.

Тргнете го од оган, префрлете го во сад и зачинете со сол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни