Ескалираат протестите пред зградата на Владата во Приштина по пресудата за Тачи

По протестот пред седиштето на ЕУЛЕКС во Косово Поле, група демонстранти се вратија во центарот на Приштина, на плоштадот „Скендербег“ пред Владата на Косово

Ситуацијата пред косовската Влада станува напната, бидејќи група демонстранти фрлаа камења кон зградата на Владата и скршија неколку прозорци.

По протестот пред седиштето на ЕУЛЕКС во Косово Поле, група демонстранти се вратија во центарот на Приштина, на плоштадот „Скендербег“ пред Владата на Косово.

Некои од демонстрантите, кои носеа маски и фрлаа камења пред ЕУЛЕКС, го сторија тоа и пред косовската влада.

Тие, исто така, скандираат „УЧК, УЧК“ и имињата на високите офицери на ОВК осудени денес.

Надвор од зградата има значително полициско присуство, вклучувајќи и припадници на специјалните сили.

Специјализираните комори со седиште во Хаг денес ги осудија четворицата лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на неколку години затвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс