Осмо издание на Ѕирни – Фестивал на Филм и Музика во Котур

Оваа година, покрај кино салата на КОТУР Кафе и Филм, фестивалот ќе се одржи и на Платото пред Дом на АРМ

Кафе и филм КОТУР го организира 8то издание на ЅИРНИ – ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМ И МУЗИКА. Од 28 Септември до 5 Октомври продолжуваме со добро познатиот коктел од филмови, концерти, работилници, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.

Oваа година има четири натпреварувачки програми во кои ќе бидат прикажани голем број на меѓународни и македонски кратки филмови, како и специјални проекции на документарни и играни долгометражни филмови. Покрај официјалната филмска програма, ќе бидат одржани и работилници и панел дискусии, проследени со музичка програма. Оваа година по четврт пат ќе се одржи и 48часовниот филмски предизвик.

„На наше големо задоволство, покрај кино салата на КОТУР Кафе и Филм, фестивалот ќе се одржи и на Платото пред Дом на АРМ.

Целосната програма ја објавуваме наскоро“ велат организаторите

Осмото издание на Ѕирни е финансиски поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е активност поддржана во рамките на проектот ,,Култура за развојʼʼ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт фонд.

„Голема благодарност до нашите пријатели: MakeDox, Трн.мк, Саманта ДОО, СКОПСКО Smooth , Tikveš Winery – Винарија Тиквеш и Halkbank AD Skopje“ додваат од Котур.

е-Трн да боцка во твојот инбокс