Дињата е едно од најосвежителните летни овошја, а и покрај слаткиот вкус, не е висококалорична. Во 100 грама има околу 33 до 34 калории, бидејќи повеќе од 90 проценти од нејзиниот состав е вода.
Токму затоа, дињата може да биде одличен избор за оние што внимаваат на телесната тежина. Покрај ниската калориска вредност, содржи и витамини А и Ц, калиум, како и антиоксиданси кои придонесуваат за нормално функционирање на организмот.
Иако не дебелее сама по себе, важно е да се внимава на количината. Како и секое овошје, дињата содржи природни шеќери, па претераната консумација може да значи и поголем внес на калории.
Нутриционистите препорачуваат да се јаде свежа, како ужина или дел од појадок, а поради високата содржина на вода придонесува и за подобра хидратација во текот на летните денови.
Освен што освежува, дињата содржи и растителни влакна кои придонесуваат за чувство на ситост, што може да помогне полесно да се контролира апетитот.