Полицијата на Црна Гора забрани влез за најмалку 87 лица од Србија кои денеска пристигнале во Тиват со чартер лет од Белград.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, постоело сомневање за субверзивни активности пред самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Тиват на црногорскиот брег вo четврток и петок.
Полицијата објави дека утврдила дека некои од српските граѓани кои дошле во Тиват еден ден пред Самитот на ЕУ присуствувале на бројни јавни собири со висок безбедносен ризик, а дека некои од нив биле регистрирани за сторување кривични дела и прекршоци со елементи на насилство.
Според српските медиуми, станува збор за група поддржувачи на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а дел од нив со месеци биле и дел од обезбедувањето на „Чациленд“.
Неофицијално, истите лица во Црна Гора требало да прават герила акции со пораки за поддршка за Вучиќ.
Запленети транспаренти, комуникациска опрема и два автобуса
Српските државјани на кои денес им беше забранет влез во Црна Гора имале транспаренти со себе во авионот на кои пишувало „Србија победува“, уред за комуникација на долги релации и поморска радио станица, се вели во соопштението на Дирекцијата на црногорската полиција.
Полицијата заплени два автобуси со српски регистарски таблички, за кои постои сомневање дека биле наменети за превоз на „гости од Србија“ кои пристигнале утрово со чартер лет од Белград, објави „Вијести“ .