Циклон доносесе силно невреме над Македонија: Грмежи, пороен дожд и силен ветер викендов

Циклон од југоисток носи нестабилно време во Македонија за викендот. Се очекуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и локално невреме со можен град.

Македонија влезе во нестабилен и дождлив викенд под влијание на циклон кој се наоѓа југоисточно од регионот, а метеоролозите предупредуваат на локално невреме, силен ветер и интензивни врнежи во повеќе делови од земјата.

Според прогнозите, времето е променливо облачно и нестабилно, со чести врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме со пороен дожд, електрични празнења и услови за појава на град.

Метеоролозите информираат дека циклонот ќе донесе изразена атмосферска нестабилност, но и покрај дождот и невремето, температурите ќе останат релативно високи за овој период од годината.

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека локално ветерот може да надмине брзина од 70 километри на час, а на места се очекуваат над 20 литри дожд на метар квадратен за краток период.

Нестабилното време ќе биде особено изразено во попладневните и вечерните часови, кога се очекува развој на грмотевични облаци и краткотрајни невремиња и во Скопската котлина. Метеоролозите апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено, особено во време на силни грмежи и засилен ветер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс