Цените на нафтата скокнаа над 5% по изјавата на Трамп за прекин на договорот со Иран

Цените на нафтата Брент и WTI пораснаа за повеќе од 5% откако Доналд Трамп соопшти дека меморандумот за разбирање со Иран е завршен, во услови на нова ескалација на Блискиот Исток.

Светските цени на нафтата нагло пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Меморандумот за разбирање со Иран е завршен, што дополнително ги зголеми стравувањата од нова ескалација на Блискиот Исток.

На меѓународните пазари, цената на суровата нафта Брент порасна за 5,3 проценти, достигнувајќи 78,09 долари за барел.Во исто време, американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) поскапе за 5,4 проценти, достигнувајќи 74,23 долари за барел.

Пазарите реагираа речиси веднаш по изјавата на Трамп дека договорот со Иран повеќе не важи.

„Тие се лажговци. Ајде да склучиме договор. Сите се согласуваат – без нуклеарно оружје. А потоа излегуваат пред медиумите и велат дека дури и не сме разговарале за тоа“, изјави Трамп.

Тој упати и остри критики кон иранското раководство, оценувајќи дека „нешто не е во ред“ со нив и нарекувајќи ги „луди“, „измамници“ и луѓе кои го уништуваат сопствениот народ. Изјавите доаѓаат во момент кога тензиите на Блискиот Исток повторно се интензивираат, што веднаш се одрази врз енергетските пазари.

Аналитичарите предупредуваат дека секое понатамошно влошување на безбедносната состојба во регионот, особено доколку биде загрозен транспортот низ Ормушкиот Теснец, може да предизвика нов раст на цените на нафтата и дополнителна нестабилност на глобалните пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс