Creative Gate, платформа на Таксират за зајакнување на културните и креативните индустрии во Западен Балкан

Таксират Фестивал и Exit Fondacija ја најавуваат новата платформа Creative Gate, наменета за зајакнување на културните и креативните индустрии во Западен Балкан.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската Унија кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор и развивање на неговиот потенцијал за социо – економско влијание во овој регион.

Од есен следуваат нови можности за соработка, промоција и вмрежување низ регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс