Читалната во Градската библиотека сега работи 24/7 – Петицијата на студентите вроди со плод!

Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе биде отворена нонстоп, благодарение на 1.700 студенти кои потпишаа онлајн петиција барајќи продолжено работно време во пресрет на испитната сесија.

Со оваа одлука, објавена од Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ), студентите ќе имаат пристап до тивок простор за учење 24 часа дневно, седум дена во неделата.

„Многумина од нас се вратија во Скопје, но дома не можеме да најдеме мир за учење“, истакнаа студентите во петицијата, која доби поддршка од директорката на библиотеката, Снежана Стојчевска.

Иницијативата е продолжение на слични акции од минатото, со кои библиотеката редовно го прилагодуваше своето работно време според потребите на студентите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни