Центар, Карпош и Кисела Вода без струја до 15 часот

ЕВН Македонија информира дека прекините ќе траат во различни периоди, а најдолгиот е најавен до 15:15 часот во делови од општина Центар.

Делови од три скопски општини денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.

Во Центар, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 7. Во Кисела Вода, прекин е најавен од 09:00 до 13:00 часот за корисниците од улицата „Саса“, крак 24.

Во Карпош, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе остане дел од корисниците на улица 6 во населбата Бардовци.

Дополнително, во Центар, од 09:15 до 15:15 часот прекин ќе има на улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и во објектот на Музејот на современа уметност – Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс