Цените на нафтата нагло пораснаа по изјавата на Трамп за Иран

Цените на нафтата денеска забележаа значителен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според него, договорот за прекин на огнот со Иран е завршен. Изјавата доаѓа по обновените тензии и нападите врз бродови во Ормускиот Теснец, што повторно ги вознемири светските енергетски пазари.

Цената на суровата нафта од типот „брент“ за испорака во септември се зголеми за 6,45 проценти и достигна 78,94 долари за барел. Во исто време, американската сурова нафта West Texas Intermediate за испорака во август поскапе за 6,49 проценти, достигнувајќи 75,01 долари за барел.

Говорејќи на маргините на самитот на НАТО во Анкара, Трамп изјави дека меморандумот за разбирање со Иран, според него, повеќе не е актуелен. Тој оцени дека преговорите со Техеран се бесцелни, но сепак им порача на американските преговарачи да ги продолжат разговорите по консултации со него.

Новото заострување на односите следува откако Соединетите Американски Држави извршија напади врз повеќе од 80 цели во Иран како одговор на нападите врз трговски бродови во Ормускиот Теснец. По тие акции, Техеран изведе напади врз американски воени бази во Кувајт и Бахреин, дополнително зголемувајќи ја неизвесноста на глобалните пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс