Вонреден надзор по царски рез во Штип, 19-годишна пациентка останала со параплегија

Министерството за здравство најави вонреден инспекциски и стручен надзор по случајот со 19-годишна пациентка која по царски рез во Штип останала со тешки невролошки последици.

Министерството за здравство најави вонреден инспекциски и стручен надзор по случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез во Клиничката болница во Штип останала со тешки невролошки последици.

Од Министерството информираат дека е издаден налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за спроведување вонреден инспекциски надзор, со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, пренесе МИА.

Ќе се проверува лекувањето и медицинската документација

По завршувањето на инспекцискиот надзор и увидот во медицинската документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашното лекување и постапувањето на здравствените работници и установите кои биле вклучени во третманот.

Од Министерството апелираат да не се носат предвремени заклучоци додека не завршат сите законски и стручни постапки.

Оттаму нагласуваат дека јавноста навремено ќе биде информирана за утврдените факти и евентуалните понатамошни мерки.

Надзор во три здравствени установи

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека вонреден надзор ќе биде спроведен во сите три здравствени установи во кои се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од селото Баница.

Според информациите што ги објави „Слободен печат“, пациентката по вториот царски рез, извршен во Клиничката болница во Штип, развила параплегија и моментално се движи со инвалидска количка.

Експерти ќе утврдуваат дали имало пропуст

Покрај инспекцискиот, ќе биде спроведен и стручен надзор. Во него треба да бидат вклучени експерти од областа на гинекологијата, неврологијата и урологијата.

Тие ќе утврдуваат дали при медицинскиот третман бил направен пропуст што можел да доведе до тешката компликација.

Случајот ќе се разгледува низ законските и стручните процедури, а надлежните институции засега повикуваат на внимателност додека не бидат утврдени сите факти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс