Повторно им благодариме на сите другари, другарки и верни посветеници, на сите што „Буква“ ја гледаат како драг простор, продолжеток на дневната соба, втор дом, на сите кои доаѓаат на нашите свирки, изложби, промоции, проекции, на мирување во денските часови, за да се видат со своите драги, за да се запознаат со идни пријатели или за да помолчат сами на свое место…
Ве очекуваме на нашиот заеднички четврт роденден!

ПРОГРАМА
Петок, 31 јануари
Пријателите од колективот Гола планина со специјална џем сесија + музичка селекција по повод роденденот на Буква
Сабота, 1 февруари
Концерт на Хот џез оркестар
Хот џез оркестар е трио кое изведува медитеранско зачинети свинг минијатури.

Репертоарот што го обработува триото изобилува со композиции од 20-тите се до 40-тите години од минатиот век. Нивната мисија делумно е да се зачуваат звуците од раните стадиуми на џез историјата, но исто така е потрага по софистицираност преку жива ритмичка експресија.
Иво Солдатовиќ Сол – кларинет
Андреј Момировски Буцо – гитара
Бојан Петков Шамба – гитара