Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ реагираше на контроверзата околу израмнувачкиот гол на Џуд Белингам во четвртфиналето меѓу Англија и Норвешка на Светското првенство, играно во сабота во Мајами Гарденс. Топката веројатно го допрела кабелот на камерата над теренот пред да стигне до Белингам, кој постигна два гола во победата на Англија со 2:1 по продолженија. Ибрахимовиќ смета дека судијата требало веднаш да ја прекине играта.
Ибрахимовиќ: „Правилата се правила“
Ибрахимовиќ отворено го критикуваше начинот на кој е решена ситуацијата. Според него, времето во натпреварот не смее да влијае на примената на правилата, ниту фактот што голот изгледал ефектно го оправдува игнорирањето на прекршокот. Тој нагласи дека, доколку истиот сценарио се случел во корист на Норвешка, реакциите ќе биле сосема поинакви.
Топката веројатно го допрела кабелот на камерата
Инцидентот се случи во 45+2 минута, кога топката од голаутот на норвешкиот голман Орјан Нyланд ја смени патеката веднаш откако помина покрај кабел од камера закачена над теренот. FIFA во официјална изјава наведе дека сензорот во топката не регистрирал „удар“ во моментот кога била во воздух, па според нив нема доказ дека топката го допрела кабелот. Сепак, играта не беше прекината, а не е потврдено дали видео-судијата Жером Брисар воопшто ја прегледал сцената. Акцијата заврши со гол на Белингам, а Англија на крајот победи со 2:1 по продолженија.
Аргентина следен противник на Англија
Со пласманот во полуфинале, Англија ќе игра против Аргентина, која во четвртфиналето ја совлада Швајцарија со 3:1. Натпреварот меѓу Англија и Аргентина е закажан за среда во Атланта.