МОН најави нови безбедносни мерки: наставници ќе дежураат низ ходниците и дворовите во училиштата

Министерството за образование најави дека наместо ученици, наставници ќе дежураат во ходниците и дворовите, по случајот на врсничко насилство во Ѓорче Петров.

Министерството за образование и наука најави засилени безбедносни мерки и поголем надзор во училиштата, како одговор на неодамнешниот случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров.

Министерката за образование, Весна Јаневска, информираше дека веќе се испратени дописи до сите градоначалници и училишта. Според најавата, наместо ученици, во ходниците и дворовите ќе мора да дежураат наставници.

Целта на оваа мерка е наставниот кадар навремено да забележува и спречува евентуални инциденти меѓу учениците.

„Тоа што се случило надвор од училиштето не е оправдување. Тоа се ученици на одредено училиште и наставниците мора да имаат увид во тоа како се однесуваат нивните ученици, затоа што тоа е воспитно-образовен процес“, изјави Јаневска.

Дополнително, дежурните наставници ќе мора да бидат на видно место, за Државниот просветен инспекторат полесно да врши контроли и да го констатира нивното присуство.

Мерките доаѓаат во период на зголемена јавна загриженост за безбедноста во училиштата и потребата од поефикасен надзор, превенција и навремена реакција на институциите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни