Без струја и вода делови од Скопје до 15:30 часот

Прекин во водоснабдувањето ќе има на потегот од „Никола Тримпаре“ до „Партизански одреди“, а без струја ќе останат дел од корисниците во Драчево.

Делови од Скопје денеска ќе бидат повторно без вода и електрична енергија поради водоводен дефект и планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека поради дефект на улицата „Ленинова“ бр. 56, од 09:00 часот прекин во водоснабдувањето имаат дел од корисниците на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до булеварот „Партизански одреди“ во Општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот.

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати, од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“ во населбата Драчево, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до црквата „Св. Спас“, во Општина Кисела Вода.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни