Астролошки шок за мај: Некои ќе се заљубат до уши, други ќе „изгубат глава“ – еве што ве чека!

Месечниот хороскоп за мај 2026 на астролозите најавуваат силни емоции, пресврти и нови почетоци – дознај што го чека твојот знак.


Мај започнува со Сонцето во Бик, додека Венера и Уран се во Близнаци, а Јупитер во Рак – комбинација што носи силни емоции, динамика и пресврти. Месецот е во Шкорпија, а Плутон во Водолија, што дополнително ја засилува напнатоста и внатрешните процеси

Уште на 1 мај нè очекува полна Месечина во Шкорпија, период на кулминација, интензивни емоции и можност за „сечење“ на токсични односи и навики. Овие денови носат љубомора, недоразбирања, но и ненадејни пресврти и силни лични одлуки. Во првата недела од месецот, квадратот меѓу Марс и Јупитер носи стрес, импулсивност и ризични потези време кога лесно може да се претера и да се донесат погрешни одлуки.

На 3 мај, Меркур влегува во Бик, носејќи посмирена, практична комуникација и фокус на финансии и стабилност. Средината на месецот ја одбележува млада Месечина во Бик – нови почетоци, особено во љубовта и работата, но и предупредување да не се носат одлуки „со глава во облаци“.

Од 17 мај, Меркур во Близнаци носи бран идеи, комуникација и движење, додека Марс во Бик ќе ја насочи енергијата кон пари, уживање и стабилност. Венера во Рак пак отвора период на романтика, нежност и семејна топлина.

Кон крајот на месецот, Сонцето влегува во Близнаци, носејќи динамика, нови контакти и изненадувања, додека полната Месечина во Стрелец затвора важни животни циклуси и носи чувство на ослободување.

Генерално, мај 2026 ќе биде месец полн со емоции, пресврти и нови почетоци, досада дефинитивно нема да има.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни