Аргентина исцрпена пред Египет: Скалони жестоко ја критикува ФИФА

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, остро го критикуваше распоредот на Светското првенство, жалејќи се дека неговиот тим има премалку време за одмор пред дуелот со Египет.
epa13081716 Argentina's Lionel Messi attends a training session at the Inter Miami stadium in Fort Lauderdale, Florida, USA, 02 July 2026. Argentina will face Cape Verde on 03 July in a 2026 FIFA World Cup Round of 32 match. EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, остро го критикуваше распоредот на Светското првенство 2026 по исцрпувачката победа над Зеленортските Острови по продолженија. Аргентина славеше со 3:2 по 120 минути игра, а веќе во вторник ја очекува осминафиналниот натпревар против Египет, што значи дека актуелниот светски шампион има само три и пол дена за опоравување.

„Што следува сега? Одмор. Не знам како е осмислено ова Светско првенство. Имавме шест дена пауза, а сега само три и пол. Токму кога одморот најмногу ти е потребен, го имаш најмалку. Тоа е многу тешко да се разбере“, изјави Скалони.

Повреди и замор во аргентинскиот тим

Дополнителен проблем за аргентинскиот селектор се и неколкуте повреди и грчеви што ги заработија неговите играчи во драматичниот натпревар во Мајами. Факундо Медина беше заменет поради силни грчеви, а слични проблеми имаше и Енцо Фернандес, кој сепак го заврши натпреварот бидејќи тимот веќе немаше право на измени. Покрај тоа, Нико Гонзалес го повреди зглобот во продолженијата, што дополнително ги зголеми грижите на стручниот штаб.

„Енцо почувствува помал грч, но успеа да го доигра мечот. Факундо беше многу изморен бидејќи имаше голема потрошувачка. За среќа, на клупата го имаме Николас Таљафико, кој ни дава сигурност“, рече Скалони.

Следува Египет

Аргентина сега патува во Атланта, каде ќе се соочи со Египет, кој со голема самодоверба влегува во натпреварот откако ја елиминира Австралија по изведување пенали.

Египќаните привлекоа внимание и со необичната подготовка за пенал-серијата – непосредно пред изведувањето на ударите, играчите анализирале снимки од противничките пеналџии на лаптоп, што им помогнало да стигнат до пласман во осминафиналето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс