Холивудскиот актер Антонио Бандерас открива зошто срцевиот удар што го преживеа во 2017 година го смета за еден од најпозитивните пресвртни моменти во својот живот. Нападот се случил во неговиот дом во Сари, Англија, кога почувствувал силни болки во градите. Неговата партнерка Никол Кимпел му дала аспирин под јазикот, гест за кој Бандерас верува дека му го спасил животот пред да пристигне брзата помош и да му бидат вградени три стенти.
По итната хируршка интервенција и успешното закрепнување, 65-годишниот актер донел фундаментални одлуки за својата иднина. Тој веднаш ги откажал цигарите и решил да се врати во родната Шпанија за да биде поблиску до своето семејство.
„Секогаш некаде во себе знаете дека еден ден ќе умрете. Но, кога ќе се приближите толку блиску до смртта, тоа ве потсетува колку е бесмислено да губите време на работи што не заслужуваат да бидат дел од вашиот живот. Срцевиот удар беше најдобрата работа што ми се случила – како некој да ми стави очила за конечно да ја видам реалноста“, изјави Бандерас.
Откако лекарите потврдиле дека е целосно закрепнат, Бандерас се врати на актерството со улогата во биографскиот филм „Тони“, посветен на познатиот готвач Ентони Бордејн. Тој истакна дека лесно се пронашол во овој свет бидејќи и самиот е сосопственик на осум ресторани.
Покрај професионалните ангажмани, Бандерас често се осврнува и на влијанието на неговиот покоен татко, кого го опишува како свој најголем ментор, истакнувајќи дека денес е најгордо момче додека ги гледа своите деца како израснуваат во добри луѓе.