Наша гостинка е Ана Петановска – една од младите поп-пејачки кај нас која носи свежа енергија, искрен глас и музика што доаѓа од срце.
Ова е епизода за талентот, соништата и патот на една млада артистка која ја гради својата приказна на македонската музичка сцена. Со Ана разговараме за тоа зошто ја избрала музиката, која е нејзината примарна професија и што би работела доколку не беше пејачка.
Откриваме и што ја прави тажна, кој македонски музичар ѝ е идол, до кога се гледа во музиката, каде се наоѓа во моментов и со кој артист би сакала да соработува.
Искрен разговор, млада енергија и песна од душа – Ана Петановска во РеТрн.