Амазон“ објави дека ја купува „Глобалстар“, компанија која управува со констелација на сателити во ниската Земјина орбита што ги овозможува сателитските функции на „Епл“ на „Ајфон“ и „Епл Воч“.
Според официјалното соопштение, Амазон планира да ја користи инфраструктурата на Globalstar за да развие свои услуги директно до уредот во рамките на мрежата Amazon Leo. Ова ќе им овозможи на мобилните оператори да ги прошират гласовните, текстуалните и податочните услуги надвор од дофатот на копнените мрежи, се разбира, за одредена цена.
„Со комбинирање на докажаната експертиза и силната основа на Globalstar со фокусот на Amazon врз клиентите и иновациите, клиентите можат да очекуваат побрза и посигурна услуга на повеќе локации, што значи дека остануваат поврзани со луѓето и работите што им се најважни. Со нетрпение очекуваме да ги поддржиме клиентите на Apple преку Leo D2D и да соработуваме со мобилни оператори за да ја прошириме покриеноста на секој агол од планетата“, рече Панос Панај , виш потпретседател за уреди и услуги во Aмазон.
Како дел од аквизицијата, потпишан е договор со Apple според кој Амазон ќе продолжи да ги обезбедува постојните сателитски услуги, без очекувани промени за корисниците, со потенцијални подобрувања благодарение на интеграцијата на двете мрежи.