Search

Алкохолот и сексуалната активност

Најновото истражување потврдува дека припадниците на посилниот пол ги губат вештините во кревет по неколку пијачки.

Пиењето неколку пијачки на ноќно излегување може да биде забавно. Но, дали знаевте дека алкохолот може да ги уништи вашите интимни односи? Премногу пиење може да предизвика намалување на сексуалниот нагон и задоволство кај мажите, тврдат експертите. Исто така, може да го зголеми нивниот ризик од еректилна дисфункција. Сега една нова студија на индиски истражувачи го откри ефектот на алкохолот врз либидото на мажите.

„Продолжена и тешка употреба може да доведе до сексуална дисфункција“, вели д-р Бупендра Јадав, која работи во болница во Џорхат. Тој додаде:

„Алкохолот е поврзан со сексуалноста уште од памтивек. Може да придонесе за започнување на сексуална активност со потиснување на инхибициите и ублажување на анксиозноста. Сепак, алкохолот значително ги забавува речиси сите домени на сексуалното функционирање покрај еректилната дисфункција”, заклучил докторот.

Третман на еректилна дисфункција
Националната здравствена служба на Велика Британија троши милиони фунти секоја година за лекување на еректилна дисфункција. Бројките достигнуваат до 18,3 милиони фунти на рецепти за лекување и тоа само лани, во 2022 година. Но, иако консумирањето алкохол игра улога, тоа може да биде и знак за основна здравствена состојба.

Оваа најнова студија, објавена во Elsevier Medical Journal Armed Forces India, истражуваше како пиењето влијае на другите активности во спалната соба. Во истражувањето учествувале 78 мажи на возраст од 20 до 50 години.

Истражувањето беше спроведено на Клиника лечење од зависност од алкохол со цел да се види како пиењето делува на сексуалните перформанси на мажите. 61 отсто од младите мажи имаат пониско ниво на сексуална желба, како и дека 48 отсто имаат проблеми со оргазам. Во меѓувреме, 44 отсто страдале од еректилна дисфункција.

Извор: b92.net

Најново

Последни колумни